Приоритети за Скопје!

Мојата визија за Скопје е град кој ќе ја негува традицијата, а сепак и да гледа кон иднината. Скопје како еколошки чист град, без сообраќаен метеж, со квалитетна градска инфраструктура. Град каков што заслужуваат сите скопјани, со квалитетен спортски и културен живот. Град во кој вреди да се живее и со кој ќе се гордееме. За модерно и европско Скопје!

Сообраќај

Сообраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато доколку имаме лесно достапен и современ јавен превоз. Наша обврска и приоритет во работењето е да инвестираме во брзи конекции помеѓу главните населени места во градот, а воедно и да го намалиме градскиот метеж. Скопјани имаат потреба од паркинг простор, особено во централното градско подрачје, но паркинг простор по пристојни и достапни цени за секој жител. Ќе дадеме поддршка на алтернативниот превоз и ќе се залагаме за зголемување на бројот на велосипедисти во градот со дополнителна модернизација на системот за изнајмување на велосипеди.

Квалитет на живеење

Мојата понуда се состои од брзи и ефикасни решенија кои ќе овозможат пристоен и квалитетен живот за сите скопјани. Да се стави крај на урбаниот хаос, решавање на проблемот со нечистиот град, создавање на нови зелени површини се дел од програмата за подигање на квалитетот на живот на нашите сограѓани. Скопје денес се соочува со нерамномерен развој. Додека еден дел од градот добива силно внимание и чекори кон урбанизација и модернизација, некои делови на Скопје се заборавени и се соочуваат со проблеми кои треба да бидат заборавени во минатиот век. Ќе се грижам за сите потреби за достоинствен живот како што заслужува секој еден граѓанин на Скопје.

Душата на Скопје

На Скопје му е потребен брз развој во модерна и европска метропола, а воедно и да ја зачуваме
традицијата. Културата треба да биде простор на препознавање на модернизмот и традицијата на
Скопје, каде креативните, културните и образовните потенцијали добиваат поттик да ја обликуваат својата иднина. Заедно ќе го направиме Скопје да биде европски град на културата. А град без млади нема иднина. Младите без разлика на нивниот степен на образование, мораат да го добијат заслуженото место во градот Скопје. Загриженоста за нивната иднината и иселувањето, недостатокот на простор за младите луѓе се постојани. Но, имаме план. Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на младите дека местото им е дома – во Скопје!

Запознајте го нашиот кандидат, идниот градоначалник

Мајка. Сопруга. Скопјанка.

 

Јас сум Данела Арсовска. Другите луѓе за мене ќе кажат дека сум човек со интегритет. Јас првенствено се гледам како човек кој сака да понуди решенија за проблемите на луѓето околу мене. Родена скопјанка, која своето знаење и експертиза ќе ги стави во функција за сите мои сограѓани

Следете ја нашата кампања

Прашајте ја Данела Арсовска

Драги мои скопјанки и скопјани, сите прашања што ги имате до мене и мојот тим и сите идеи што ги имате за нашето Скопје, испратете ги на

Придружи ми се!